MKREEF - FORUM »

Thursday, September 24, 2009

ZAM

Почитувани членови,

Администрацијата на mkreef.com  Ве известува дека за прв пат во македонската акваристичка историја е основано Здружение на акваристи на Македонија АКВА ПАРК Струга. Со формирањето на здружението акваристиката во Македонија се носи на едно повисоко ниво, се со цел за ширење на истата како хоби и како нечија професионална обврска. Со овој потег, и овој форум добива на значење и важност како еден професионален форум за акваристика. 





Член на ЗАМ АКВА ПАРК Струга може да биде секој полнолетен граѓанин на Република Македонија, и можеби едно од поретките Здруженија како како членови може да се јават и странски државјани ( се разбира акваристи, тераристи)

Цели на Здружението се следниве:




   одгледување и унапредување на одгледувањето на животни и растенија во аквариумски услови,
   примена на позитивните светски стандарди  во одгледувањето на животни и растенија во аквариумски услови,
   приредување на изложби и натпреварувања од областа на акваристиката,
   соработка во приредување на изложби и натпреварувања од областа на акваристиката со други Здруженија на регионално, државно 
        и меѓународно ниво,
   приредување на стручни предавања и семинари од областа на акваристиката заради правилен третман на животните и растенија во
        аквариумски услови,
   сите видови советувања од областа на акваристиката,
   соработка и контакти со слични Здруженија во земјата и во странство се со цел за унапредување на акваристиката,
   заштита, унапредување и грижа за сите јавни водени површини во Република Македонија
   изградба и одржување на јавни аквариуми заради едукација на населението за водниот свет од слатководна и морска природа
   издавање на публикации во врска со работата на Здружението.

Статутот на Здружението ке биде ставен на почетната страна mkreef.com штом истата ке биде достапна.

Со почит MKReef Team

0 comments: