MKREEF - FORUM »

Monday, October 19, 2009

Како треба да се оформи аквариум

За сите оние нови во ова хоби еве мал приказ како би требало
да го сетираат својот аквариум. Гледам дека почесто има прашања за тоа каква подлога да се стави,
како песок, филтрација и слично. Се надвам дека ова ќе помогне некому.


Како прво и основно треба да се има аквариум :surprise:




Најдобро би било на почетокот да се намести позадината, бидејќи потоа е малку потешко
за местење.








Најголемиот број на акваристи ја користат црната боја за позадина, ова е бидејќи црната боја
му дава длабина на аквариумот(оптички изгледа дека е подлабок). Најчесто се служиме со
црн хамер или црн самолеплив тапет. Јас за овој аквариум користев црн самолеплив тапет.




најпрво го одлепувам едно 2-3 см и потоа со помош на лењир притискам постепено за да се залепи
правилно за задното стакло од аквариумот.




Доколку се појават меурчиња надобро е де се дупнат со игла(од мое искуство). На почеток
бидејќи сеуште не е легната убаво фолијата задното стакло ќе ви изгледа шарено, за неколку дена
самата фолија ќе се припие врз стаклото и нема ништо да се познава.




Откако ќе го завршите овој чекор следува сетирање на подлогата.
Доколку се одлучите за аквариум кој во него ќе има многу растенија, подлогата итекако
е битна. Има многу видови на брендирани подлоги кои на нашиот пазар е малку потешко
да се најдат. Повеќето акваристи како подлога користат земја за цвеќе. Јас исто користам
земја за цвеќе. Во овој аквариум користев TERRA MAGMA од SUBSTRAL. Една од поквалитетните земји
кои може да се најдат.




Истот така кога одбирате земја за цвеќе гледајте односот N:P:K да биде добар, што значи земјата
повеќе да содржи калиум, а помалку да содржи фосфор и азот.




Кога го сетираме аквариумот најпрво треба да се стави подлогата:




Подлогата не треба да биде повеќе од 1-3 см во висина.
После местењето на подлогата најдобро би било да се стави мрежа над земјата.
Најдобро е де се стави мрежа за комарци за да ја подели земјата од песокот кој ќе биде
над неа. Ова е така бидејќи доколку садиме и пресадуваме во аквариумот да не дојде
излегување на земјата и валкање на водата и  мешање со песокот.








Откако ќе ја поставиме мрежата доаѓа на ред песокот.




Најдобрар песок за во аквариум е песок со гранулација од 2-3 мм. Се што е поситно од ова може да
доведе до скапување на растението бидејќи нема циркулација на вода во коренот. Исто така и крупна
песок не е препорачлива за во аквариум. Бидејќи има голема циркулација на вода низ песокта, хранливите материи
не зе задржуваат во коренот. Исто така кога бираме песок треба да внимаваме да не содржи многу варовник во него.
Тоа е бидејќи најголемиот број риби кои ги чуваме во аквариум сакаат "покисела" и "помека" вода ,сем афричките циклиди
кои сакаат потврда и алкална вода.
Песокта најдобро може да ја провериме дали содржи варовник во нејзе е ако земеме мал дел од истата и врз неа истуриме
HCL или некое средство за вадење на каменец за купатило.

Кога се мести песокта во аквариум,треба да ја местиме на следниов начин.
Напред би требало да биде пониска некои 4-8 см во зависност од големината на акварумот, а позади 8-12 см.
Со ова исто така се добива на оптички дека аквариумот е поголем и поширок.







Потоа се мести филтрацијата на аквариумот. Како најкористена филтрација и една од подобрите филтрации е надворешниот
филтер,


во него може да се стват различни вигдови на материјали кои ја подобруваат филтрацијата на
аквариумот(керамички прстени,биоболи, вреќи за пипер, филц за аквариум и слично)


Откако ќе се сетира аквариумот се полни со вода и се остава се остава да циклира извесен период.
Циклирањето може да трае до неколку недели, за де се убрза овој процес најдобро е да земеме вода
од некој созреан аквариум и да ја додадеме во новиот аквариум.


Avtor: Cimento

0 comments: